свет

Белата куќа: „Трамп му се заблагодари на Ердоган за заложбите на Турција во однос на Идлиб“

„Претседателот Трамп ја изрази својата загриженост во однос на насилствата во пoкраината Идлиб во Сирија и му се заблагодари на Ердоган за напорите на Турција за спречување на хуманитарната катастрофа“

Dildar Baykan   | 17.02.2020
Белата куќа: „Трамп му се заблагодари на Ердоган за заложбите на Турција во однос на Идлиб“

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за напорите на Турција за спречување на хуманитарната катастрофа во сириската покраина Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Заменик-портпаролот на Белата куќа, Џуд Дир, објави соопштение во врска со телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Трамп во саботата.

„Претседателот Трамп ја изрази својата загриженост во однос на насилствата во покраината Идлиб во Сирија и му се заблагодари на Ердоган за напорите на Турција за да се спречи хуманитарната катастрофа“, се нагласува во соопштението.

Трамп во телефонскиот разговор исто така ги истакнал своите желби Русија да прекине со поддршката што ја дава на режимот на Асад и граѓанската војна во Сирија да заврши со политичко решение на кризата.

Како што се вели во соопштението, Трамп повторил и дека интервенцијата на странските сили во Либија ќе ја влоши ситуацијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın