свет

Барајс: Сигурен сум дека наскоро германските туристи ќе можат да патуваат на одмор во Турција

„Ако ситуацијата е добра, минатата недела беше добра, можеме релативно брзо да ги направиме подготовките за отворање“

Cüneyt Karadağ   | 06.07.2020
Барајс: Сигурен сум дека наскоро германските туристи ќе можат да патуваат на одмор во Турција Фото: Abdulhamid Hoşbaş/AA

БЕРЛИН (АА) – Државниот секретар во германската Влада задолжен за туризам, Томас Барајс, изјави дека ќе се направат напори за германските туристи да можат да летуваат во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Томас Барајс, во изјавата за германската телевизија НТВ, истакна дека секоја земја треба да се третира правично и нагласи: „Сигурен сум дека наскоро ќе го започнеме туризмот со Турција.“

Изјавувајќи дека минатата недела во Берлин реализирале корисни состаноци со министрите за надворешни работи и за култура и туризам на Турција, Барајс истакна дека ќе разговараат за тоа што може да се стори меѓу двете држави за граѓаните да имаат можност да одат на одмор. Тој рече дека ќе се разговара и за тоа како да се минимизира бројот на случаи со Ковид-19 во туристичките дестинации.

Наведувајќи дека Турција направи премногу работи во борбата против епидемијата на Ковид-19, Барајс рече: „Ако ситуацијата е добра, минатата недела беше добра, можеме релативно брзо да ги направиме подготовките за отворање.“

Барајс, истакнувајќи дека Германија ги продолжува контактите со турските власти, рече: „Ние правиме неделна проценка на ситуацијата. Продолжуваат преговорите за безбедно патување.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın