свет

Африка: 52 милиони луѓе се соочуваат со глад

- Педесет и два милиони луѓе во 18 земји во Африка се соочуваат со криза со глад поради климатските промени, сиромаштијата и вооружените конфликти

Tufan Aktaş   | 08.11.2019
Африка: 52 милиони луѓе се соочуваат со глад

ИСТАНБУЛ

Педесет и два милиони луѓе во 18 земји во Африка се соочуваат со криза со глад поради климатските промени, сиромаштијата и вооружените конфликти, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во извештајот на Меѓународната добротворна организација „Оксфам“ со седиште во Британија се истакнува дека милиони луѓе имаат потреба од помош поради поплавите од екстремните врнежи и поради сушата во јужниот, источниот и во централните делови на континентот.

„Зимбабве има најмалку врнежи од дожд од 1981 година, а Кенија, Етиопија и Сомалија на истокот се погодени од сушата“, се истакнува во извештајот и се додава дека поплавите што го зафатија Јужен Судан влијаеја на околу 900.000 луѓе.

Исто така, во извештајот е посочено дека 18 африкански земји во последните 10 години, како резултат на климатските катастрофи, имаат загуба од 700 милиони долари годишно.

Ангола, Боцвана, Демократска Република Конго, Есватини, Етиопија, Кенија, Лесото, Мадагаскар, Малави, Мозамбик, Намибија, Сомалија, Јужна Африка, Јужен Судан, Судан, Танзанија, Замбија и Зимбабве се земјите кои се споменуваат во извештајот.

Климатските промени, според извештајот, доведоа до тоа милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın