свет

Арапската коалиција започна операција во јеменскиот главен град Сана

Коалициските сили синоќа извршиле интензивен воздушен напад врз воените точки во подрачјата на Џебел Атан и Џебел Есвед, во јужниот дел на Сана

Gülşen Topçu   | 20.08.2019
Арапската коалиција започна операција во јеменскиот главен град Сана

РИЈАД (АА) - Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија соопштија дека започнале воена операција во јеменскиот главен град, Сана, кој е под контрола на Хусите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на саудиската телевизија „Ел Ихбарије“, коалициските сили започнале операција насочена кон легитимните воени позиции во Сана, а во овие рамки погодиле позиции на Хусите.

Во веста се упатува апел до населението да не се приближува до воените позиции на Хусите, а не се дадени повеќе детали.

Од друга страна, според информациите добиени од локалните извори во Сана, коалициските сили синоќа извршиле интензивен воздушен напад врз воените точки во подрачјата на Џебел Атан и Џебел Есвед, во јужниот дел на Сана.

Хусите сè уште не дадоа изјава во врска со нападите.

Од септември 2014 година, Хусите под своја контрола држат одредени региони во земјата, меѓу кои и главниот град Сана. Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат Владата на Јемен против Хусите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın