свет

Американски воен авион F-16 по грешка испушти разорен проектил во Јапонија

Инцидентот се случил во текот на обуката во воздухопловната база „Мисава“ во јапонскиот регион Аомори, каде што американските и јапонските сили изведуваат редовни обуки

Emre Aytekin   | 08.11.2019
Американски воен авион F-16 по грешка испушти разорен проектил во Јапонија

ТОКИО (АА) - Воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (САД) по грешка испуштија разорна тренажна бомба во северна Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

Инцидентот се случил во текот на обуката во воздухопловната база „Мисава“ во јапонскиот регион Аомори, каде што американските и јапонските сили изведуваат редовни обуки.

Јапонската новинска агенција „Кјодо“ јави дека екипажот на американски авион F-16 фрлила 200 килограми тешка тренажна бомба најмалку пет километри надвор од предвиденото подрачје и предизвикала голема паника меѓу жителите на тој регион.

Истиот извор јавува дека бомбата паднала на ненаселено подрачје и дека не предизвикала жртви или материјална штета.

Поради инцидентот обуката на американските и јапонските сили во тој регион е прекината.

Шефот на кабинетот на јапонскиот премиер, Џошихиде Суга, изјави дека експлозијата на разорниот проектил предизвикала паника и страв во Јапонија.

„Таквите нешта не би смееле да се случуваат. Бараме од САД да ги преземат потребните мерки такво нешто да не се повтори“, порача Суга.

Јапонското Министерство за одбрана упати протестна нота до Пентагон и покрена истрага за инцидентот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın