свет

Американската пратеничка Тлаиб: „Во Конгресот нема слобода на изразување за муслиманките“

Пелоси и другите лидери на демократите дадоа заедничко соопштение против Омар, која во една нејзина изјава ги спореди САД и Израел со Хамас и Талибанците

Hakan Çopur   | 11.06.2021
Американската пратеничка Тлаиб: „Во Конгресот нема слобода на изразување за муслиманките“

ВАШИНГТОН (АА) – Муслиманката Рашида Тлаиб, членка на Претставничкиот дом на САД, до лидерите на Конгресот од редот на демократите, кои дадоа изјава против пратеничката, муслиманката Илхан Омар, рече дека во Конгресот нема слобода на изразување за муслиманките, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Пратеничката Илхан Омар ги спореди САД и Израел со Хамас и Талибанците.

Последната дебата за пратеничката Омар во Конгресот на САД помеѓу прогресивното крило и либералното крило, стигна до Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом.

Пелоси и другите лидери на демократите дадоа заедничко соопштение против Омар, која во една нејзина изјава ги спореди САД и Израел со Хамас и Талибанците.

Во соопштението се наведува дека секој има слобода на изразување, но изедначувањето на САД и Израел со Хамас и Талибанците е „многу опасен пристап“.

Муслиманските пратенички во Претставничкиот дом, Тлаиб и Омар, кои реагираа на изјавата на Пелоси, истакнаа дека инцидентот е префрлен на исламофобична линија.

Омар истакна дека во нејзината прва изјава целта не ѝ била „да ги изедначи терористичките организации и демократските земји“, туку да ја искаже изобличеноста на Меѓународниот кривичен суд (UCM).

Реагирајќи на изјавата на лидерите на демократите, Омар рече: „Ние служиме во истиот Конгрес со исламофобични луѓе како што се Мо Брукс, а нашите демократски колеги ја легитимираат таа опасна реторика наместо да ја осудуваат. Кога нашата партија отворено ќе застане против омразата кон муслиманските пратеници и гласачи?“

За инцидентот, Тлаиб на својот профил на Твитер напиша: „Во Конгресот нема слобода на изразување за муслиманските жени. Во Конгресот нема простор за сомневање во муслиманките. Лидерите на демократите во Претставничкиот дом треба да се срамат од ова брутално и дискриминирачко полициско работење врз жени пратенички кои не се со бел тен.“

На седницата на Претставничкиот дом во понеделникот, Омар му постави прашање на државниот секретар Ентони Блинкен: „Зошто САД и Израел не ја признаваат надлежноста на Меѓународниот кривичен суд?“

Пратеничката Омар со прашањата продолжи и на нејзиниот профил на Твитер:

„Треба да имаме ист степен на отчетност и правда за жртвите на злосторствата против човештвото. Сведоци бевме на злосторства од страна на САД, Хамас, Израел, Авганистан и Талибанците. Го прашав државниот секретар Блинкен каде треба жртвите да ја бараат правдата.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.