свет

Амбасадата на САД во Багдад ги повика сите Американци да го напуштат Ирак

Американскиот Стејт департмент побара вработените во Амбасадата во Багдад, како и конзулатот во Ербил, итно да ја напуштат земјата

Haydar Karaalp   | 15.05.2019
Амбасадата на САД во Багдад ги повика сите Американци да го напуштат Ирак

БАГДАД (АА) - Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Багдад ги повика своите државјани во Ирак во најкраток рок да ја напуштат земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од американската Амбасада е наведено дека државјаните на САД, вклучувајќи ги и вработените на Амбасадата, треба во најкраток период да го напуштат Ирак.

„Држете се подалеку од американските продавници кои се наоѓаат во Ирак“, е едно од предупредувањата што го упати американската Амбасада.

„Ве молиме да ја земете предвид својата безбедност. Бидете информирани за случувањата во вашата околина. Обратете се на нашата Амбасада во случај да сакате да ги посетите регионите кои се опасни“, се наведува во соопштението.

Американскиот Стејт департмент побара вработените во Амбасадата во Багдад, како и конзулатот во Ербил, итно да ја напуштат земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın