свет

Алжир ги негира обвинувањата за финансирање платеници во Мали

Амар Белани, портпаролот на алжирското МНР, без да спомене име на држава, подвлече дека обвинувањата се скандалозни и срамни манипулации од соседна арапска земја

Hamdi Yıldız   | 14.10.2021
Алжир ги негира обвинувањата за финансирање платеници во Мали

АЛЖИР (АА) - Амар Белани, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Алжир, ги негира наводите во странските медиуми дека странските милиции во Мали се финансирани од Алжир, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што пренесува Алжирската официјална новинска агенција, Белани истакна дека обвинувањата, кои не се вистинити, ги изнесуваат медиумите познати по лојалноста кон Дирекцијата за надворешна безбедност, која е контролирана од француското разузнавање, во режија на Бернар Емие, поранешен француски амбасадор во Алжир.

Амар Белани, без да спомене име на држава, подвлече дека обвинувањата се скандалозни и срамни манипулации од соседна арапска земја.

Француската веб-страница „Mondafrique“ во веста што ја објави вчера напиша дека Алжир се договорил со администрацијата на Мали за финансирање на операцијата за доведување на руската милиција „Вагнер“.

- Француска криза во Алжир и Мали -

Асими Гоита, кој ја презеде функцијата претседател по државниот удар во Мали на 24 мај, го прими алжирскиот министер за надворешни работи, Рамтан Ламамра на 6 октомври.

Состанокот, кој се сметаше за „изненадувачка“ посета во алжирскиот печат, се совпадна со периодот кога Мали беше во сериозна криза во врска со француските и руските платеници.

Неколку часа по состанокот, M. Жоел Мејер, францускиот амбасадор во Бамако, беше повикан во Министерството за надворешни работи на Мали поради забелешките на Макрон насочени кон Владата на Мали.

Алжир, осудувајќи ја изјавата на Макрон: „Дали постоеше алжирска нација пред француската колонија?“, го повика на консултации амбасадорот во Париз, Мухамед Антер Давуд.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın