свет

Албанската, бошњачката и мароканската заедница влегуваат во Советот на муслимани во Германија

Координативниот совет на муслиманите во Германија (KRM) е заедничко тело кое во 2007 година го основаа четири муслимански организации во Германија

Mesut Zeyrek   | 12.06.2019
Албанската, бошњачката и мароканската заедница влегуваат во Советот на муслимани во Германија

КЕЛН (АА) - Координативниот совет на муслиманите во Германија (KRM), кој презема значајни чекори кон заедничко и рамноправно претставување на муслиманите во таа земја, во својот состав ќе прифати нови членки, албанската, бошњачката и мароканската Исламска заедница, јавува Anadolu Agency (AA).

Координативниот совет на муслиманите во Германија (KRM) е заедничко тело кое во 2007 година го основаа четири муслимански организации во Германија, Исламскиот совет, Турската исламска унија (DITIB), Унијата на исламски културни центри (VIKZ) и Централниот совет на муслиманите во Германија (ZMD).

На состанокот на членовите на Координативниот совет на муслиманите во Германија одржан во Келн се разговараше за проширување на ова тело, и донесена е одлука нови членки да станат албанската, бошњачката и мароканската Исламска заедница.

„Денес е потпишан Меморандум за разбирање со Унијата на исламски албански центри во Германија (UIAZD), со Исламската верска заедница на Бошњаците во Германија (IGBD) и со Централниот совет на Мароканците во Германија (RMD), а се однесува на нивниот влез во Координативниот совет на муслимани во Германија (KRM)“, се вели во соопштението на Советот.

Портпаролот на Координативниот совет, Нурхан Сојкан, изјави дека со оваа одлука е направен многу значаен чекор кон подобро претставување на муслиманите во Германија.

Планирано е трите исламски заедници во јули, на генералното собрание на Координативниот совет на муслиманите во Германија (KRM), и официјално да станат членки на Советот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın