свет

Алатките од коска од кенгур пронајдени во пештера во Австралија датираат најмалку од пред 35 илјади години

Истрагите направени со развојни технологии откриле дека осум алатки пронајдени од страна на археолозите во пештерата Риви во регионот Кимберли, со помош на локалната заедница Мимби во раните 90-ти години, потекнуваат од пред 35.000 до 46.000 години.

Zehra Ulucak   | 09.04.2021
Алатките од коска од кенгур пронајдени во пештера во Австралија датираат најмалку од пред 35 илјади години

АНКАРА

Алатките од коски од кенгур кои датираат од пред најмалку 35.000 години се пронајдени во пештера во Австралија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според „Еј-би-си њуз“ (ABC News), истрагите направени со развојни технологии откриле дека осум алатки пронајдени од страна на археолозите во пештерата Риви во регионот Кимберли, со помош на локалната заедница Мимби во раните 90-ти години, потекнуваат од пред 35.000 до 46.000 години.

Научниците забележаа дека е исклучително ретко алатките изработени од коска на кенгур да издржат на суровите климатски услови во регионот.

Исто така се истакнува дека зашилените алатки од локалното население пред десетици илјади години можеби се користеле за обработка на смола, ткаење кошници и лов на птици и риби.

Мајкл Лангли од Универзитетот „Грифит“ рече дека тие знаеле дека во областа се користат алатки од коски, но мислеле дека таквите алатки многу е тешко да се најдат бидејќи најчесто се скапани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.