свет

Акар разговараше со челникот на либиската Влада за Договорот за поморската граница

Турскиот министер за одбрана истакна дека договорите се засновани на меѓународното право, и дека двете држави преку тоа се обидуваат да ги заштитат своите легитимни права во подрачјето

Ali Murat Alhas   | 14.12.2019
Акар разговараше со челникот на либиската Влада за Договорот за поморската граница Фото: Arif Akdoğan/AA

ДОХА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и челникот на либиската Влада на национално единство, признаена од Обединетите нации (ОН), Фајез ал-Сараџ, денес разговараа за неодамна потпишаниот Договор за поморско исцртување на границите и за договорите за воена и безбедносна соработка на 19. форум „Доха“, што се одржа во Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).

На 7 ноември, Анкара и либиската Влада со седиште во Триполи постигнаа два посебни меморандуми за разбирање, еден за воена соработка, како и за поморските граници на двете држави во Источниот Медитеран.

Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, истакна дека договорите се засновани на меѓународното право, и дека двете држави преку тоа се обидуваат да ги заштитат своите легитимни права во подрачјето, каде што тензичноста се зголеми по откривањето на резервите на јаглеводороди (фосилни горива) во вредност од стотици милијарди долари.

По Договорот за воена соработка, турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, неодамна изјави дека Анкара може да размисли за испраќање трупи во Либија доколку либиската Влада упати такво барање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın