свет

Азербејџанската војска сруши воен авион на ерменската војска од типот „Су-25“

Во соопштението се истакнува дека авионот бил срушен од страна на Воздушните одбранбени сили на Азербејџан

Ruslan Rehimov   | 18.10.2020
Азербејџанската војска сруши воен авион на ерменската војска од типот „Су-25“

БАКУ

Азербејџанската Војска сруши воен авион од типот „Су-25“ на ерменската Војска, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.

Во соопштението се наведува дека денес околу 12:30 часот по локално време воен авион на Ерменија од типот „Су-25“ извршил обид за напад врз азербејџанската Војска, што бил насочен кон градот Џебраил.

Во соопштението се истакнува дека авионот бил срушен од страна на Воздушните одбранбени сили на Азербејџан.

Инаку, Азербајџан и вчера сруши воен авион од типот „Су-25“ на ерменската Војска.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın