свет

Аеродромот Истанбул повторно на врвот по бројот на летови во Европа

Седум од 10 најдобри аеродроми во Европа забележаа пад на прометот во последните две седмици, се наведува во извештајот на Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај (EUROCONTROL)

Abidin Mutlu Bozdağ   | 19.04.2021
Аеродромот Истанбул повторно на врвот по бројот на летови во Европа

ИСТАНБУЛ 

Аеродромот Истанбул во Турција ја задржа водечката позиција со просечни 64 летови дневно во период од 8 до 14 април, објави Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај (EUROCONTROL), пренесува Агенција Анадолија (AA).

Според најновиот извештај за летови, аеродромот Истанбул го следеа „Шарл де Гол" во Париз со 478 летови и Франкфурт со 474. Аеродромот на Амстердам го зазеде четвртото место со 451 лет.

Мадридскиот аеродром „Барахас" е пети со 414 дневни летови, а следува аеродромот Сабиха Ѓокчен, уште еден аеродром во Истанбул, со 345 летови.

Меѓу десетте аеродроми кои забележаа најголем сообраќај во Европа е и лондонскиот Хитроу - 348, Палма де Мајорка 242, Минхен 233 и аеродромот во Атина 218.

Седум од 10 најдобри аеродроми во Европа забележаа пад на прометот во последните две седмици, се наведува во извештајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın