свет

Администрацијата на Трамп планира да ги ограничи визите за странските студенти

Доколку споменатата регулатива стапи на сила, таа ќе влијае на имателите на визи во категориите „F“, „J“ и „I“

Betül Yürük   | 27.09.2020
Администрацијата на Трамп планира да ги ограничи визите за странските студенти

ЊУЈОРК (АА) - Администрацијата на Трамп се подготвува да воведе фиксен рок до четири години за визите за странските студенти, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите во американските медиуми, во предлогот поднесен од Министерството за внатрешна безбедност на САД се предлага визата на странските студенти, кои доаѓаат од земјите што го поддржуваат тероризмот и се на листата на Министерството за надворешни работи на САД, да биде ограничена на две години.

Под сегашните услови, странските студенти кои доаѓаат во САД можат да останат во земјата додека да го завршат своето образование.

Во случај на ограничување, студентите ќе треба да наведат причини, како што се болест или друга ситуација надвор од нивна контрола, за да можат дополнително да ја продолжат визата.

Доколку споменатата регулатива стапи на сила, таа ќе влијае на имателите на визи во категориите „F“, „J“ и „I“.

Регулативата се очекува да се примени и за странските новинари што работат во САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın