свет

Автобус се преврте во Казахстан: 8 загинати, 28 повредени

- Комитетот за итни ситуации објави дека во 5:25 часот по локално време, на 85 километри од градот Кизиорда, возачот на патнички автобус ја загубил контролата над возилото поради замрзнатиот коловоз

Aliia Raimbekova   | 03.12.2019
Автобус се преврте во Казахстан: 8 загинати, 28 повредени Foto: Arhiva / AA

НУРСУЛТАН

Во Казахстанската област Кизилорда се преврте автобус при што загинаа 8 лица, а 28 се повредени, јавува Агенција Анадолија (АА).

Комитетот за итни ситуации објави дека во 5:25 часот по локално време, на 85 километри од градот Кизиорда, возачот на патнички автобус ја загубил контролата над возилото поради замрзнатиот коловоз, по што дошло до превртување на автобусот во кој се наоѓале 36 патници.

Во соопштението се истакнува дека бројот на загинати изнесува 8 лица, а повредени се 28.

Претседателот на Комитетот за административни полициски активности при Министерството за внатрешни работи на Казахстан, Јанат Абдрахманов, во изјавата дадена за новинарите во врска со несреќата информира дека во автобусот немало странски државјани, додавајќи дека сите патници биле државјани на Казахстан, вработени во нафтена компанија, кои оделе на работа.

Абдрахманов соопшти дека во тек е истрага во врска со несреќата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.