свет

Автобуска несреќа во Мексико, загинаа 12 лица

- Во северната мексиканска држава Тамаулипас животот го загубија 12 лица во сообраќајна несреќа на автобус кој пренесувал група хронични пациенти на лекување во болница во друг град

Emre Aytekin   | 16.06.2021
Автобуска несреќа во Мексико, загинаа 12 лица Фото: Илустрација / АА

АНКАРА

Во северната мексиканска држава Тамаулипас животот го загубија 12 лица во сообраќајна несреќа на автобус кој пренесувал група хронични пациенти на лекување во болница во друг град, известува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на државната Цивилна одбрана, Педро Гранадос Рамирез, соопшти дека автобус изнајмен од Мексиканскиот институт за социјално осигурување за превоз на пациенти, направил сообраќајка движејќи се од градот Матаморос кон Нуево Леон.

Наведувајќи дека 9 лица починале на местото на несреќата, вклучувајќи го и возачот на автобусот, а 3 лица во болницата во која биле пренесени, Рамирез истакна дека 10 повредени лица се лекуваат во болница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın