свет

Австралија: Пес нападна сопственици, почина едно лице

Во Мелбурн, брачен пар бил нападнат од пес од расата американски стафорд териер, којшто го хранеле во домот на нивниот син

Recep Şakar   | 11.07.2019
Австралија: Пес нападна сопственици, почина едно лице

МЕЛБУРН (АА) - Во австралискиот град Мелбурн брачен пар бил нападнат од песот на нивниот син, при што мажот починал, а жената е тешко повредена, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението што го објави полицијата на сојузната држава Викторија се вели дека градот Мелбурн, 61-годишниот Лео Бјанкофиоре, кој користи патерици и неговата 58-годишна сопруга Дона Бјанкофиоре биле нападнати од пес од расата американски стафорд териер (American Staffordshire terrier), којшто го хранеле во домот на нивниот син Марк.

Полицискиот службеник Адам Вест изјави дека по добиената пријава пристигнале на местото на настанот, при што забележале дека во задниот дел од дворот кучето продолжува да го напаѓа старецот, додавајќи дека со цел да му го одвлече вниманието на кучето, истрелал куршум во воздух.

Вест информираше дека старецот на самото место им подлегнал на повредите, а Дона Бјанкофиоре, обидувајќи се да му помогне на својот сопруг, била тешко повредена и префрлена во болница.

Полицаецот Вест соопшти дека целиот случај ќе биде истражен од страна на на Командата за професионални стандарди, додавајќи дека е повикан експерт кој го фатил кучето напаѓач и тоа било префрлено во засолниште за животни во сопственост на Општината.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın