свет

Австралија: Во популарната улица во Мелбурн забранета консумацијата на цигари

Управата на Мелбурн ги забрани тутунските производи на 11 точки во подрачјето низ коешто секој ден минуваат по неколку илјади луѓе

Recep Şakar   | 09.10.2019
Австралија: Во популарната улица во Мелбурн забранета консумацијата на цигари

МЕЛБУРН (АА) - Во делови на улицата „Бурк“ во Мелбурн, популарна шопинг-зона предвидена за пешаци и трамвајски сообраќај, од почетокот на октомври е забранета консумацијата на цигари, јавува Anadolu Agency (AA).

Управата на Мелбурн ги забрани тутунските производи на 11 точки во подрачјето низ коешто секој ден минуваат по неколку илјади луѓе.

Одлуката под слоганот „Диши слободно во улицата Бурк“, на сила стапи на 4 октомври.

Известувања на англиски, арапски и кинески јазик се поставени на безбедносните препреки, на електричните столбови, на паноата, кантите за отпадоци и слично.

Одлуката ја поздрави и жителот на Мелбурн Џозеф Гантенбан.

„Одлично, ми се допаѓа. Пешачам многу во Мелбурн, па значајно не делува на мене“, рече Гантенбан.

Одлуката ја поздрави и Лин Борн, која рече дека ѝ пречи чадот од цигарите кога доаѓа на шопинг во улицата „Бурк“.

„Ме прави среќна, бидејќи не консумирам цигари. Многу ми пречи кога некој консумира цигари во моја близина“, вели Борн.

Оние што нема да се придржуваат на забраната за консумирање цигари во Мелбурн ќе бидат казнети со парична казна од сто австралиски долари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın