свет

Авионот на индискиот премиер нема да го користи воздушниот простор на Пакистан

Според индиското МНР, Владата работи на две рути, а донесена е одлука авионот на Моди во Бишкек да слета користејќи ги воздушните простори на Оман, Иран и земјите од Средна Азија

Muhammet Nusret Altun   | 12.06.2019
Авионот на индискиот премиер нема да го користи воздушниот простор на Пакистан

ЧАНДИГАРХ (AA) - Индискиот премиер, Нарендра Моди, кој ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка во киргистанскиот главен град, Бишкек, за време на неговото патување нема да го користи воздушниот простор на Пакистан, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Индија, Владата работи на две рути, а донесена е одлука авионот на Моди во Бишкек да слета користејќи ги воздушните простори на Оман, Иран и земјите од Средна Азија.

Функционер од Министерството за надворешни работи на Пакистан, во изјавата за АА во врска со ова прашање нагласи дека е одобрена дозвола авионот на Моди да го користи воздушниот простор на Пакистан при неговото патување во Бишкек.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın