свет

Авганистан: Во бомбашки напад загина цивил, ранети се деветмина

- Најмалку едно лице загина во бомбашки напад во покраината Лагман на источниот дел на Авганистан

Sayed Khodaiberdi Sadat   | 30.07.2020
Авганистан: Во бомбашки напад загина цивил, ранети се деветмина Фото: Архива / АА

КАБУЛ

Најмалку едно лице загина во бомбашки напад во покраината Лагман на источниот дел на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот на гувернерот на Лагман, Асадула Девлетзеј, за новинарите изјави дека нападот е извршен во местото Митарлам во централниот дел на покраината.

Тој истакна дека е активирана бомба поставена на мотоцикл.

Потврди дека во бомбашкиот напад загинал еден цивил и дека деветмина се ранети.

Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın