политика

Шведска доби нова Влада, 130 дена по изборите

На општите избори на 9 септември минатата година гласаа 7,5 милиони гласачи. За апсолутно мнозинство во Парламентот потребно е партијата или политичкиот блок, односно коалицијата, да има 175 пратеници, од вкупно 349 места.

Atila Altuntaş   | 18.01.2019
Шведска доби нова Влада, 130 дена по изборите

Stockholms Lan

СТОКХОЛМ (АА) - Четири месеци по изборите е формирана Владата на Шведска, јавува Anadolu Agency (AA).

Завршен е политичкиот застој кој траеше 130 дена. Општите избори во таа земја се одржани на 9 септември, а конечно е завршена кризата во власта со формирањето на коалициска влада, составена од Социјалдемократската работничка партија на Шведска и Зелените.

Новата Влада ја доби довербата на пратениците во Парламентот на таа земја.

Премиерот и претседателот на Социјалдемократската партија, Стефан Лофвен, изјави дека Владата на црвено-зелената коалиција, која е на власт од 2014 година, ќе продолжи и во следните четири години да управува со земјата на најдобар можен начин.

На општите избори на 9 септември минатата година гласаа 7,5 милиони гласачи. За апсолутно мнозинство во Парламентот потребно е партијата или политичкиот блок, односно коалицијата, да има 175 пратеници, од вкупно 349 места.

Шведскиот левичарски блок не успеа да освои доволно гласови за да има мнозинство за самостојно формирање на новата Влада.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın