политика

Ципрас му го предаде Министерството за надворешни работи на Катругалос

По неодамнешната оставка на Никос Коѕијас, надлежностите од Министерството за надворешни работи што ги презеде премиерот Ципрас ќе бидат предадени на Јоргос Катругалос, досегашниот заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања.

Mehmet Hatipoğlu   | 15.02.2019
Ципрас му го предаде Министерството за надворешни работи на Катругалос

Atina

АТИНА (АА) – Во Грција, премиерот Алексис Ципрас своите должности од Министерството за надворешни работи му ги предаде на Јоргос Катругалос, досегашниот заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Чанакопулос, истакна дека пред локалните избори што ќе се одржат во март ќе одат на промени на едно министерско место и пет места на заменици-министри.

Според новите промени, по неодамнешната оставка на Никос Коѕијас, надлежностите од Министерството за надворешни работи што ги презеде премиерот Ципрас ќе бидат предадени на Јоргос Катругалос, досегашниот заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања.

На испразнетото место од Катругалос, заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања, ќе биде назначена Сиа Анагнастоплу.

Заменик-министер за внатрешни работи одговорен за областите Македонија-Тракија ќе биде Елефтерија Хаџигеоргију, заменик-министер за труд и социјална безбедност ќе биде Константинос Баркас, заменик-министер за инфраструктура и транспорт Танос Мораитис и како заменик-министер за грчката имиграциона политика ќе биде назначен Агелос Толкас.

Новите министри и заменици-министри во понеделник ќе положат заклетва и ќе почнат со извршување на функциите.

Катругалос е роден на 27 март 1963 година во Атина. Студирал право на универзитетите во Атина и Сорбона. За време на владите на СИРИЗА, во перидот 2014-2015 година работел во Европскиот парламент.

Катругалос преходно ги извршувал функциите заменик-министер за труд и социјална безбедност, заменик-министер за реконструкција и заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.