политика

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Собранието, Џафери

Пендаровски и Џафери разменија мислења за актуелните состојби во земјата

Abdula Berisha   | 20.05.2019
Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Собранието, Џафери Фото: Abdula Berisha/АА

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, го прими на средба претседателот на Собранието, Талат Џафери, пренесува Anadolu Agency (AA).

На средбата одржана во претседателскиот кабинет „Вила Водно“, претседателот на државата, Пендаровски, и претседателот на Собранието, Џафери, разменија мислења за актуелните состојби во земјата.

Во соопштението од Кабинетот на претседателот на Северна Македонија се вели дека на средбата била истакната важноста од насочувањето на севкупните капацитети на сите релевантни институции во државата во претстојниот период за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ).

„Во таа насока, претседателот Пендаровски го посочи значењето на Собранието во реализацијата на реформската агенда и на парламентарната димензија во остварувањето на интересите на Република Северна Македонија на меѓународен план“, се наведува во соопштението.

Двајцата соговорници, како што е истакнато, договориле натамошна поблиска координација на двете институции.

Ова е прва средба меѓу Пендаровски и Џафери по одржувањето на претседателските избори на 5 мај, на кои Пендаровски го замени Ѓорѓе Иванов на функцијата претседател на Република Северна Македонија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.