политика

Средба Заев-Харадинај на Минхенската конференција за безбедност

„Оваа нова реалност на Западен Балкан е од особено значење за целиот регион, и означува момент кој ќе придонесе за мирот и стабилноста како основа за севкупен и економски развој на регионот во целина“

Furkan Abdula   | 16.02.2019
Средба Заев-Харадинај на Минхенската конференција за безбедност Фото: Влада на РСМ

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на Минхенската конференција за безбедност оствари средба со премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Владата на Северна Македонија, премиерот Заев и членовите на делегацијата што ја сочинуваат министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и пратеникот во Собранието и член на собраниската комисија за одбрана, Џевад Адеми, како дел од своите активности, денеска се сретнаа со претседателот на Владата на Република Косово, Рамуш Харадинај.

Се истакнува дека двајцата премиери изразиле големо задоволство од односите меѓу двете земји меѓу кои не постои отворено прашање и изразиле подготвеност да настојуваат на зацврстување и на проширување на соработката во многу области, особено во делот на соработката и размената на информации за безбедносните прашања.

„На средбата косовскиот премиер Харадинај им честиташе на претставниците на делегацијата на Република Северна Македонија за статусот поканета членка во НАТО и изрази надеж дека ратификацијата на Протоколот за пристапување ќе заврши многу брзо, со што нашата земја ќе се стекне со полноправно членство во Алијансата. Оваа нова реалност на Западен Балкан е од особено значење за целиот регион, беше истакнато на средбата, и означува момент кој ќе придонесе за мирот и стабилноста како основа за севкупен и економски развој на регионот во целина“, се наведува во соопштението на Владата.

Се нагласува дека на разговорот меѓу членовите на делегациите е потврдена и натамошната заемна поддршка меѓу двете земји и европските аспирации како стратешки интерес за граѓаните на двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın