политика

Северна Македонија протера уште еден руски дипломат

Ова е втор случај годинава руски дипломат да биде протеран од Северна Македонија

Abdula Berisha   | 17.08.2021
Северна Македонија протера уште еден руски дипломат

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, потврди дека Северна Македонија протерала руски дипломат од земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Запрашан на прес-конференција за информациите за протерувањето руски дипломат, чиј идентитет не се открива, Османи потврди, но рече дека информацијата е од доверлив карактер и не може да даде детали за причината за депортацијата.

„Министерството за надворешни работи секогаш кога ќе добие потврдени и документирани информации за однесување на акредитирани странски дипломати коешто е спротивно на принципите на Виенската конвенција, презема мерки за заштита на својата национална безбедност, меѓутоа и безбедноста на сојузниците во сојузот во којшто припаѓаме. Така да информацијата е точна“, рече Османи.

Потсетуваме, ова е втор случај годинава руски дипломат да биде протеран од Северна Македонија.

На 18 мај оваа година, Северна Македонија прогласи руски дипломат за непожелна личност во земјата, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи.

Тогаш, Русија возврати и на 10 јуни оваа година соопшти дека дипломат вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва е прогласен за непожелна личност.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.