политика

Османи: „Тоа што го направивме ние е дипломатско чудо“

Вицепремиерот за европски прашања учествуваше на симулираната седница на Европскиот совет организирана од Универзитетот „Мајка Тереза”

Abdula Berisha   | 14.05.2019
Османи: „Тоа што го направивме ние е дипломатско чудо“

СКОПЈЕ (АА) – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, организираше симулација на седница на Европскиот совет (ЕС), на којашто учествуваше и вицепремиерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Бујар Османи, јавува Anadolu Agency (AA).

На симулираната седница на ЕС, студентите ги претставуваа 28-те земји членки на Европската Унија (ЕУ), пред кои вицепремиерот Османи ги претстави своите аргументи зашто Северна Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство во ЕУ.

„Ја имав можноста да аргументирам зошто оваа земја заслужува почеток на преговорите оваа година и аргументирав на автентичен начин, како што ќе аргументирам и во наредниот период пред земјите членки, со истите емоции и со истиот ентузијазам, затоа што навистина сите чувствуваме дека тоа што го направивме ние е дипломатско чудо“, рече Османи.

Вицепремиерот додаде дека и на симулираната седница се потврдило дека не може да се најдат недостатоци кај Северна Македонија за да не се започнат преговорите, истакнувајќи дека евентуалната одлука на Европскиот совет за да не ги започне преговорите со Северна Македонија, би го загрозил кредибилитетот на ЕУ.

Освен за оваа активност, Османи информираше и за реализацијата на иницијативата на Секретаријатот за европски прашања, наречен „Со европско знаење до европската престолнина“, при што ќе се наградат најдобрите есеи на студентите по општествени науки при државните универзитети на теми околу ЕУ и перспективите за членство на Северна Македонија.

За студентите кои ќе ги напишат најдобрите есеи, Османи рече дека ќе бидат наградувани со тридневна студиска посета на институции на ЕУ во Брисел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.