политика

Иванов реагираше по објавувањето на Законот за јазиците во Службен весник

„Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни", вели Иванов во писменото соопштение.

Admir Fazlagic  | 16.01.2019
Иванов реагираше по објавувањето на Законот за јазиците во Службен весник

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - По објавувањето на Законот на ратификација на спогодбата од Преспа и Законот за употреба на јазиците во Службен весник на Република Македонија, писмено реагираше претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указ од Претседателот на Република Македонија се противуставни. Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење", вели Иванов во писменото соопштение.

„Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото. Се прашувам, дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони? Дали ќе ги поддржат овие преседани, што носат несогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави?", пишува во соопштението.

„Доцна синоќа имавме можност да го видиме вистинското лице на владината коалиција на СДСМ и ДУИ која себеси се смета за проевропска", се наведува во соопштението на претседателот Иванов.

Одлука за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот на Република Македонија, објавена е во саботата во шестиот број на Службен весник на Република Македонија, а денеска во Службен весник на Република Македонија беше објавен и Законот за употреба на јазиците.

Претходно, во текот на минатата година, Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Договорот од Преспа во минатото два пати беа изгласани во Собранието на Република Македонија. Претседателот Иванов одби да ги потпише законите со образложение дека се противуставни.

На веб страницата на Анадолу Агенсу објавен е дел од системот на проток вести (HAS). За целосни вести, ве молиме контактирајтене за претплата.Abonelik için lütfen iletişime geçiniz.