свет, Операција Извор на мирот

Столтенберг задоволен со договорот на Турција и САД

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека двете земји, сојузници во НАТО, направија добра работа за да постигнат договор за важни безбедносни прашања, додавајќи дека прашањето на Сирија е важно за сите членки на Алијансата

Şerife Çetin   | 19.10.2019
Столтенберг задоволен со договорот на Турција и САД

БРИСЕЛ (AA) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази задоволство поради договорот кој го постигнаа Турција и Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

„Мислам дека договорот помеѓу Турција и САД ќе придонесе кон намалување на напнатоста на североистокот на Сирија", рече Столтенберг пред новинарите по состанокот со американскиот државен секретар Мајк Помпео во Брисел.

Нагласи дека двете земји, сојузници во НАТО, направија добра работа за да постигнат договор за важни безбедносни прашања, додавајќи дека прашањето на Сирија е важно за сите членки на Алијансата.

Истакна дека Турција се наоѓа на првата линија на нестабилниот регион и дека од сите сојузници на НАТО највеќе е изложена на терористички напади, напоменувајќи дека таа земја, и покрај тоа, примила голем број бегалци.

„Безбедносните загрижености на Турција се секако легитимни", додаде Столтенберг и истакна дека терористичката организација ДЕАШ е заеднички непријател.

Помпео истакна дека Столтенберг го информираше за договорот на сојузниците на НАТО, како и за наредните чекори кои е потребно да се преземат за да се имплементира договорот.

„Мораме да продолжиме со активностите во врска со политичкиот процес во Сирија. Исто така, потребна е сила координација за да припадниците на ЈПГ се повлечат", рече американскиот државен секретар.

Потсети дека Турција примила 3-4 милиони бегалци, напоменувајќи дека тоа е огромен товар за таа земја.

„Европските земји сериозно треба да разгледаат како да пружат свој придонес во оваа смисла", рече Помпео.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın