Операција Извор на мирот, Потврдени вести

Поддржувачите на терористичките организации со манупулација за операцијата „Извор на мирот“

Забележано е дека поддржувачите на терористичките организации преку социјалните мрежи создаваат одредени хаштагови со цел да добиваат поддршка

Enes Canlı   | 09.10.2019
Поддржувачите на терористичките организации со манупулација за операцијата „Извор на мирот“

АНКАРА (АА) - По започнување на операцијата „Извор на мирот“ од страна на Турските вооружени сили (ТСК) заедно со Националната војска на Сирија која започна со цел оневозможување на формирањето терористички коридор, близу јужната граница на Турција и за обезбедување мир и спокојство во регионот, започна и обидот за манипулација и дезинформација на профилите на социјалните мрежи кои се блиски со терорстичките организации, јавува Аnadolu Agency (AA).

На овие профили се објавени фотографии од масакри во историјата, а се тврди дека биле снимени во операциите на Турција како „Штитот на Еуфрат" и „Маслинова гранка".

„Турција претходно го стори тоа. Дали мислите дека повторно нема да го направи тоа?“, се вели во оваа објава, каде е споделена една фотографија од масакрот во Хоџали од 90-тите години.

Забележано е дека поддржувачите на терористичките организации преку социјалните мрежи создаваат одредени хаштагови со цел да добиваат поддршка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın