образование

МАТТО донираше лаптопи за наставниците во 25 училишта во Република Северна Македонија

МАТТО и нејзините членки донираа 61 лаптоп во 25 училишта во 14 општини низ државата наменети за наставниците главно во руралните средини.

Admir Fazlagic   | 17.12.2020
МАТТО донираше лаптопи за наставниците во 25 училишта во Република Северна Македонија ( Foto: Arhiva / AA )

СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО) и нејзините членки донираа лаптопи за наставници во училиштата ширум државата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„МАТТО и нејзините членки со цел да не сопре образовниот процес во Република Северна Македонија, а воедно и истиот да тече континуирано, како и да се подобрува во време на пандемија на коронавирусот (Ковид-19), донираа лаптопи за наставници во училиштата ширум државата", соопшти МАТТО.

Како што се наведува во соопштението, МАТТО и нејзините членки донираа 61 лаптоп во 25 училишта во 14 општини низ државата наменети за наставниците главно во руралните средини.

Оваа активност на МАТТО и нејзините членки следи по одлуката на Министерството за образование и наука образовниот процес во учебната 2020/2021 година да се одвива онлајн.

„МАТТО во рамки на активностите за општествена одговорност, како и нејзините членки како општествено одговорни компании посетија низа на општини и училишта каде остварија средби со наставниците", се додава во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.