наука и технологија

„Црните дупки не претставуваат опасност за Земјата“

Ајнштајн никогаш не го прифати постоењето на црните дупки, рече Озел и додаде дека научниците кои дошле по него развиле теории во врска со црните дупки, и биле спроведувани истражувања во оваа насока

Tolga Yanık   | 08.11.2019
„Црните дупки не претставуваат опасност за Земјата“

ИСТАНБУЛ (АА) - Професорката по астрофизика, Ферјал Озел, која е единствен турски научник кој беше дел до проектот преку кој беше овозможено првото фотографирање на црна дупка, истакна дека и покрај тоа што создаваат многу моќна гравитација, црните дупки не им наштетуваат на нештата кои не се блиску до нив, пишува Anadolu Agency (AA).

Проф. д-р Ферјал Озел е научничка со турско потекло вработена во американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) и на Унверзитетот „Аризона“. Таа реализираше презентација во врска со црните дупки, во рамки на Универзитетот „Богазичи“ во Истанбул.

Озел нагласи дека во центарот на секоја галаксија се наоѓа една црна дупка со голема маса.

Според неа, фотографирањето на црната дупка се реализира по одреден процес.

„Податоците складирани во местата каде се наоѓаат телескопите, ги испративме до двата центри за колерација. Помина многу долго време со цел податоците да пристигнат до овие два центра и да се обединат. Пет ноќи извршувавме набљудувања, и се собраа податоци од 5 петабајти, од кои секој ден по еден петабајт. Сите овие податоци преку обработка во облак (cloud computing) од центрите за колерација беа испратени до различни центри за анализа во Азија, Северна Америка, Холандија и Германија. Потоа, ги снимивме овие податоци и резултатите на овие анализи“, рече таа.

Озел истакна дека брзината на интернетот не била доволна за траснферирање на податоци со голема маса, и затоа, како што рече таа, податоците ги носеле со карго. Како резултат на тоа, истакна Озел, успеале да ја добијат фотографијата на црната дупка.

Нагласувајќи дека Алберт Ајнштајн никогаш не го прифатил постоењето на црните дупки, Озел додаде дека научниците кои дошле по него развиле теории во врска со црните дупки, и биле спроведувани истражувања во оваа насока.

Озел рече дека често се прашува дали црните дупки претставуваат опасност за Земјата, и дека и покрај тоа што создаваат многу моќна гравитација, црните дупки не им наштетуваат на нештата кои не се блиску до нив.

Според Озел, црните дупки ги уништуваат и влечат кон себе ѕвездите кои многу им се приближуваат, и црните дупки може да голтнат светло.

„Центарот на нашата галаксија е оддалечен 26.000 светлосни години од нас, што значи дека светлото за 26.000 години од нас пристигнува до таму. Ние не сме во позиција од каде што можеме да се приближиме многу до црната дупка. До Земјата нема ваква црна дупка. Дури и најблиската црна дупка е многу далеку од нас“, додаде таа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın