наука и технологија

„Спејс екс“ врати на Земјата четворица астронаути по завршувањето на нивната мисија

Капсулата „Драгон“, која ги врати американските астронаути Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер заедно со Соичи Ногучи, астронаут од Јапонската агенција за вселенско истражување, слета на брегот на Панама сити во Флорида

Emel Öz   | 02.05.2021
„Спејс екс“ врати на Земјата четворица астронаути по завршувањето на нивната мисија

КЕЈП КАНАВЕРАЛ (АА) - Четворица астронаути кои ја завршија својата мисија на Меѓународната вселенска станица (ISS) денес се вратија на Земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Капсулата на „Спејс екс“, „Драгон“, која ги врати американските астронаути Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер заедно со Соичи Ногучи, астронаут од Јапонската агенција за вселенско истражување, слета на брегот на Панама сити во американската држава Флорида.

Астронаутите престојуваа во вселената 167 дена.

На 28 април, Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) соопшти дека експедицијата е одложена поради неповолни временски услови.

„Спејс екс“ носи астронаути до Меѓународната вселенска станица (ISS) со шатлот „Кру Драгон“ (Crew Dragon) како дел од програмата на НАСА за комерцијални услуги за екипажот.

Шатлот ги однесе четворицата астронаути до Меѓународната вселенска станица како дел од мисијата наречена „Кру-1“ (Crew-1) во ноември 2020 година.

Мисијата „Кру-1“ е првата експедиција со екипаж од САД во вселената по програмата Спејс-шатл на НАСА во 2011 година.

Основана во 2002 година, „Спејс екс“ (SpaceX) има за цел да направи револуција во вселенската технологија со крајна цел да им овозможи на луѓето да живеат на други планети.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın