наука и технологија

„Гугл“ заработил 4,7 милијарди долари од онлајн новинските медиуми

Според истражувањето на „News Media Alliance“, „Гугл“ интензивно ги користи вестите, со цел зголемување на веб-сообраќајот и приходите

Tolga Yanık   | 11.06.2019
„Гугл“ заработил 4,7 милијарди долари од онлајн новинските медиуми

ИСТАНБУЛ (АА) - Американскиот технолошки гигант „Гугл“ (Google) минатата година заработил 4,7 милијарди долари од содржините на новинските медиуми кои работат онлајн, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според истражувањето на „News Media Alliance“, „Гугл“ интензивно ги користи вестите, со цел зголемување на веб-сообраќајот и приходите.

„Гугл“ минатата година заработил 4,7 милијарди долари преку содржините произведени од страна на новинските медиуми, додека целата американска новинска индустрија од дигиталните реклами заработила 5,1 милијарди долари.

Оваа компанија го разви алгоритмот на пребарувачот, со цел корисниците полесно да имаат пристап до содржините на вестите, и го промени начинот на кој се подредени вестите.

Благодарение на пребарувачот и апликацијата „Гугл њуз“ (Google News), која ја разви за мобилни уреди, „Гугл“ на своите корисници преку платформа им ги пренесува новинските содржини на бројни медиуми.

- 40 отсто од пребарувањата се однесуваат на вести -

Според истражувањето, 40 отсто од пребарувањата во „Гугл“ се состојат од содржини кои се однесуваат на вести.

Покрај тоа, капиталот на „Гугл“, во периодот од 2009 до 2018 година, годишно забележал раст од 22 отсто, додека, забележан е раст од 23 отсто во бројката на корисници поединци кои пристапуваат до сервисот „Гугл њуз“.

Растот во бројката на корисниците кои пристапуваат до новински сервиси, и тоа што стапката на раст на капиталот на оваа компанија е голема, укажува на важноста на новинските содржини за „Гугл“.

Во истражувањето се наведува дека „Гугл“ на медиумските организации не им плаќа за новинските содржини, но дека преку овие содржини заработува сериозен приход и го зголемува веб-сообраќајот.

Во соопштението на „Гугл“, во врска со ова прашање се нагласува дека пресметките во ова истражување се погрешни.

„Апликацијата „Гугл њуз“ и пребарувачот на интернет-страниците на новинските медиуми им овозможуваат месечно над 10 милијарди кликови, и ја зголемуваат продажбата со претплата и нивните приходи од реклами. Работиме многу за да бидеме технолошки и рекламски партнер кој ги поддржува сите новински медиуми во светот“, се вели во соопштението на „Гугл“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın