наука и технологија

Јапонија за првпат ќе започне со користење на индуцирани плурипотентни матични клетки за лекување на повреди на ’рбетот

Собраните податоци ќе бидат оценети од независен комитет од експерти, а Универзитетот „ќе продолжи со втората трансплантација само доколку Комисијата потврди дека е безбедна“

Riyaz Khaliq Khaliq  | 14.01.2022 - Обновена : 19.01.2022
Јапонија за првпат ќе започне со користење на индуцирани плурипотентни матични клетки за лекување на повреди на ’рбетот

ИСТАНБУЛ (АА) - За првпат во светот, истражувачите во Јапонија почнаа да ја тестираат употребата на индуцирани плурипотентни матични клетки (iPS) за лекување на повреди на ’рбетниот мозок, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Јапонското Министерство за здравство ги одобри испитувањата уште во февруари 2019 година и сега се во тек клинички тестирања на Универзитетот „Кеио“ во Токио како дел од истражувањето започнато минатиот месец, објави денес „Кјодо њуз“.

Индуцираните плурипотентни матични клетки се направени со користење на зрели клетки од донор, честопати од кожата, кои се репрограмирани во состојба каде што емулираат ембрионски матични клетки.

„Истражувачите досега администрирале нервни матични клетки во повредената област на еден пациент, кој се чувствува „исклучително добро““, се вели во веста.

Состојбата на пациентот се набљудува за време на тековниот процес на рехабилитација.

Собраните податоци ќе бидат оценети од независен комитет од експерти, а Универзитетот „ќе продолжи со втората трансплантација само доколку Комисијата потврди дека е безбедна“.

„Универзитетот на крајот ќе трансплантира клетки добиени од индуцирани плурипотентни матични клетки на четворица пациенти кои помеѓу две до четири недели претходно ги изгубиле моторните и сетилните функции откако се здобиле со повреди при спортување или во сообраќајни несреќи“, се додава.

Според Универзитетот, главната цел на истражувањето е „да се потврди безбедноста на трансплантираните клетки и начинот на трансплантација“, но ќе бидат потребни „најмалку три до пет години“ за да се добијат податоците потребни за да се донесе одлука за практична употреба на третманот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.