наука и технологија

Чајот и кафето го зголемуваат ризикот за рак на бели дробови

Според истражувањетo спроведено во САД, и кај лица кои не консумираат цигари, доколку дневно пијат два и повеќе филџани кафе, ризикот од рак на бели дробови е зголемен за 41 отсто

Gamze Türkoğlu Oğuz   | 04.04.2019
Чајот и кафето го зголемуваат ризикот за рак на бели дробови

ИСТАНБУЛ (АА) - Според истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави (САД), чајот и кафето, за кои е познато дека го продолжуваат животниот век, ја намалуваат депресијата, кај лицата кои дневно пијат најмалку два филџани, иако се непушачи, можат да го зголемат ризикот од рак на бели дробови, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста што ја објави „LiveScience“, во истражувањето предводено од научникот Џингџинг Зу од Универзитетот „Вандербилд“, се откри дека чајот и кафето за кои беше познато и дека ја намалуваат веројатноста за развивање на срцев удар и некои видови рак, доколку се консумираат најмалку два филџани на ден, и кај непушачите можат да го зголемат ризикот од рак на белите дробови.

Во рамките на истражувањето учествувале 1,2 милион испитаници од САД и Азија и биле анализирани податоците од 17 различни истражувања. Во текот на истражувањето испитаниците биле следени 8,6 години, при што е утврдено дека во дадениот период повеќе од 20.500 испитаници добиле рак на бели дробови.

Експертите во истражувањето дојдоа до констатацијата дека кај непушачите кои консумираат два и повеќе филџани кафе на ден, ризикот за рак на бели дробови е зголемен за 41 отсто, додека оние коишто консумираат два или повеќе филџани чај на ден, се соочуваат со зголемен ризик од рак на бели дробови за 37 отсто.

Забележано е дека возраста на луѓето, нивната раса и типот на кафето што се консумира, не предизвикуваат сериозни промени врз процентот на ризикот за заболување од рак на белите дробови, додека бескофеинското кафе, за разлика од кафето со кофеин, за 15 отсто го зголемува ризикот за рак на белите дробови.

Научникот Зу рече дека истражувањето е засновано врз набљудување, посочувајќи дека засега не е позната поврзаноста меѓу кафето и ракот на белите дробови. Тој додаде дека е можно нешто што се случува во фазата на печење да е причина за зголемувањето на ризикот.

Резултатите од истражувањето беа презентирани на состанокот на Американското здружение за истражување на ракот одржано на 31 март.

Доктор Џули Фишер од Институтот за рак „Левин“, за резултатите рече дека се „интересни и интригантни“, додавајќи дека за наведената констатација е потребно да се спроведат поголем број истражувања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın