наука и технологија

Хеликоптер на НАСА го направи првиот лет на Марс

„Хеликоптерот „Инџинуити“ го изврши својот прв лет - првиот лет на летало со мотор на друга планета“, објави НАСА

Övünç Kutlu   | 19.04.2021
Хеликоптер на НАСА го направи првиот лет на Марс

АНКАРА (АА) - Националната аеронаутичко-вселенска управа (НАСА) соопшти дека успешно е извршен првиот лет на хеликоптер на планетата Марс, пренесува Агенција Андолија (АА).

„Хеликоптерот „Инџинуити“ го изврши својот прв лет - првиот лет на летало со мотор на друга планета“, објави НАСА преку Твитер и додаде дека податоците покажале дека летот бил успешен.

НАСА претходно го одложи првиот лет во март. Хеликоптерот „Инџинуити“ беше донесен на Марс со роверот „Персеверанс“, кој слета на црвената планета на 18 февруари.

„Бидејќи Марс има третина од гравитацијата на Земјата и исклучително ретка атмосфера во однос на Земјата, летот на хеликоптер на Марс е посложен отколку летот на Земјата, додека промените во енергијата и температурата се предизвик за време на летот“, соопшти НАСА минатиот месец.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın