наука и технологија

Хакери украле персонални регистри на ФБИ

Хакерите се инфилтрирале во интернет-страниците на Организацијата на националната академија при ФБИ и украле персонални регистри на федерални агенти и безбедносни службеници, кои биле зачувани за специјални намени на оваа служба

Emre Aytekin   | 13.04.2019
Хакери украле персонални регистри на ФБИ

АНКАРА (АА) - Хакери украле персонални регистри на околу 4.000 федерални агенти и безбедносни службеници вработени во Федералното истражно биро (ФБИ) на САД, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на интернет-страницата „Techcrunch“, хакерите се инфилтрирале во интернет-страниците на Организацијата на националната академија при ФБИ и украле персонални регистри на федерални агенти и безбедносни службеници, кои биле зачувани за специјални намени на оваа служба.

Во веста пишува дека регистрите содржеле имиња, називи, адреси, телефонски броеви, како и имејл адреси на вработените.

Хакерите, овие регистри во кои се наоѓаат лични информации на околу 4.000 лица, ги објавија на една интернет-страница која објавува од Украина.

Еден од хакерите, во изјава за оваа интернет-страница, тврди дека освен ФБИ, тие се инфилтрирале во над 1.000 интернет-страници поврзани со Владата на САД и ги украле личните податоци на над 1 милион работници на јавната администрација.

Хакерите истакнаа дека овие информации планираат да ги продадат на анонимни купувачи преку тајни онлајн портали до кои може да се пристапи преку специјални интернет-пребарувачи, наречени „темни мрежи“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın