наука и технологија

Фејсбук ја развива апликацијата „Study“: Ќе ги прати активностите на корисниците и ќе им плаќа

„Study“ ќе собира податоци за апликациите кои корисниците ги инсталираат на своите телефони, како и податоци за тоа колку време поминуваат на тие апликации, и во која земја се наоѓаат

Tolga Yanık   | 12.06.2019
Фејсбук ја развива апликацијата „Study“: Ќе ги прати активностите на корисниците и ќе им плаќа

ИСТАНБУЛ (АА) - Социјалната мрежа „Фејсбук“ (Facebook) работи на нова апликација наречена „Study“, а станува збор за апликација со чија помош Фејсбук ќе биде во можност да ги следи активностите на корисниците на мобилните телефони, за што на корисниците ќе им биде платено, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од компанијата „Фејсбук“ се наведува дека со помош на апликацијата „Study“ ќе се врши обработка на податоците на корисникот и ќе се врши анализа на неговите навики на користење. Оттаму велат дека тоа е нова „апликација за истражување на пазарот“.

„Study“ ќе собира податоци за апликациите кои корисниците ги инсталираат на своите телефони, како и податоци за тоа колку време поминуваат на тие апликации, и во која земја се наоѓаат.

На оваа апликација нема да ѝ бидат достапни податоците како идентитетот на корисникот, лозинките, фотографиите, видеата и пораките. Податоците што ќе ги собере „Study“, нема да бидат испорачувани на трети апликации и нема да можат да се користат во рекламни цели. 

„Study“ ќе биде достапна на андроид-платформата и нема да биде достапна за корисници помлади од 18 години. Возраста на корисникот ќе биде проверувана преку фејсбук-профилите. Фејсбук, исто така, ќе добие податоци за банкарската сметка на корисникот и ќе им плати одредена сума на оние што ќе дозволат користење на нивните податоци.

Апликацијата, која најпрво ќе биде достапна во Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, подоцна ќе биде понудена и во други земји. Од Фејсбук наведуваат дека гарантираат оти податоците на корисниците ќе бидат безбедно чувани, и дека тие податоци ќе се користат исклучиво за истражување на пазарот и правење на подобри производи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın