наука и технологија

Турција успешно го тестираше првиот летечки автомобил „Џезери“

За дизајнот и производството заслужни се турските инженери, а „Џезери“ за време на тестирањето на летот на прототипот од 230 килограми полета на висина од десет метри

Furkan Gençoğlu   | 16.09.2020
Турција успешно го тестираше првиот летечки автомобил „Џезери“

ИСТАНБУЛ (АА) - Првото турско автономно летечко возило, наречено „Џезери“, успешно е тестирано во Истанбул, соопшти производителот, јавува Агенција Анадолија (AA).

За дизајнот и производството заслужни се турските инженери, а „Џезери“ за време на тестирањето на летот на прототипот од 230 килограми полета на висина од десет метри, соопшти производителот „Бајкар“.

„Во следниот процес ќе направиме понапредни прототипи. Ќе извршиме летови со луѓе“, рече Селчук Бајрактар, еден од челниците на компанијата.

Бајрактар наведе дека ќе бидат потребни 10 до 15 години за „Џезери“ да биде на улиците, и три до четири години за рекреативна употреба во руралните средини како квад.

„По паметните автомобили, револуција во автомобилската индустрија ќе бидат летечките автомобили. Од оваа гледна точка, се подготвуваме за утрешните трки, а не за денешните“, додаде Бајрактар.

„Џезери“ беше претставен минатиот септември на саемот за технологија и авијација „Текнофест“, што се одржа во Истанбул.

Автомобилот го носи името на Исмаил ал-Џазари, познат инженер и научник од 12 век.

Компанијата „Бајкар“, основана во 1984 година, произведува вооружени и невооружени дронови, контролни системи, симулатори и системи за авионика.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.