наука и технологија

Турција: Птичји рај во градот Игдир, домот на 330 видови птици

Во Турција живеат вкупно 486 видови птици, а 325 видови живеат во Игдир. Од овој аспект, Игдир е еден од најважните центри на орнитологијата (науката за птици) во Турција, но и во светот

Hüseyin Yıldız   | 18.04.2019
Турција: Птичји рај во градот Игдир, домот на 330 видови птици

ИГДИР (АА) – ХУСЕИН ЈИЛДИЗ –

Националниот парк „Агри“, во подножјето на истоимената планина на крајниот исток на Турција, е дом на 330 видови птици, што е повеќе од две третини од сите видови птици низ цела Турција. Ова подрачје се нарекува и птичји рај, пишува Anadolu Agency (AA).

Градот Игдир, на крајниот исто на Турција, со доаѓањето на птиците во регионот во пролетната сезона стана попосетено место. Игдир, исто така се наоѓа на миграциските рути на птиците преселници.

Поради својата географска локација и климатските услови, Игдир привлекува внимание и од аспект на разновидноста на дивите животни.

Во Турција живеат вкупно 486 видови птици, а 325 видови од нив живеат во Игдир. Од овој аспект, Игдир е еден од најважните центри на орнитологијата (науката за птици) во Турција, но и во светот.

Во Националниот парк „Агри“ живеат голем број птици кои спаѓаат во ретките видови.

Игдир, по спроведените истражувања, ставен е на листата на живеалишта за птици, поради што е посетуван од орнитолозите и фоторепортерите љубители на птици.

Доц. д-р Чаган Шекерџиоглу, орнитолог и професор на Универзитетот „Коч“ од Истанбул и на Универзитетот „Јута“ од САД, кој работи во областа на науката за птиците, во разговорот за АА рече дека Игдир во однос на орнитологијата е едно од најважните места во Турција и во светот.

„Досега во Игдир се идентификувани околу 330 вида птици. Тоа е повеќе од две третини од видовите птици што живеат во Турција. Повеќето од тие видови птици откриени се во „Птичјиот рај Арас“.“

- 70 проценти од различните видови птици во Турција живеат во Игдир -

Професорот Шекерџиоглу нагласи дека иако Игдир е мало место, домаќин е на многу видови птици. 

„И покрај тоа што Игдир нема море, и зафаќа само 2 проценти од површината на Турција, во Игдир живеат 70 проценти од сите видови птици во Турција. Тоа покажува колку Игдир е богат со птици. Најважната улога во тоа ја има „Птичјиот рај Арас“. Освен тоа, Игдир има различни богати живеалишта. Особено различните видови птици кои живеат на различни висини на планината Агри, придонесуваат Игдир да биде значајна област во Турција“, рече Шекерџиоглу. 

- Птиците мигрираат преку Игдир -

Ајшеѓул Чобан, заменик-директорката на Истражувачкиот центар за орнитологија при Универзитетот во Игдир, рече: „Како резултат на научните студии докажано е дека Игдир е миграциска рута на птиците преселници. Овие научни податоци ќе придонесат во студиите по орнитологија во целиот свет, од аспект на новите миграциски рути на птиците.“ 

Таа, наведувајќи ги 13-годишните научни студии за регионот, рече дека се добиени важни податоци: 

„Се докажа дека птиците мигрираат преку Игдир. Тоа пак покажа дека Игдир е значајно место во светот од аспект на овој вид научни истражувања. Студиите, исто така покажаа колку Игдир е корисно место за птиците преселници, бидејќи птиците се одмораат и хранат токму во Игдир.“ 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın