Турција, наука и технологија

Турските вооружени беспилотни летала помоќни со новата муниција

Првото тестно истрелување со „KGK-SIHA-82“ беше спроведено на 23 април со вооруженото беспилотно летало „Аксунгур“ произведено од Турската воздухопловна индустрија (TAI), со опсег од 30 километри

Göksel Yıldırım   | 28.04.2021
Турските вооружени беспилотни летала помоќни со новата муниција

АНКАРА (АА) - Турската одбранбена индустрија успешно ја тестираше новата домашно произведена муниција со своите вооружени беспилотни летала до 9.000 метри надморска височина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Првото тестно истрелување со „KGK-SIHA-82“ беше спроведено на 23 април со вооруженото беспилотно летало „Аксунгур“ произведено од Турската воздухопловна индустрија (TAI), со опсег од 30 километри. Успешниот тест постигна точност на погодена цел цел од 2,5 метри.

Институтот за истражување и развој на одбранбената индустрија на ТУБИТАК (SAGE) ја разви муницијата „KGK-SIHA-82“.

Институтот спроведува активности за дизајнирање, развој, производство и тестирање на наведувани и ненаведувани системи на муниција, клучни потсистеми и платформи за стратешки системи за да ги задоволи потребите на Турските вооружени сили и меѓународните агенции на одбранбената индустрија.

Вооруженото беспилотно летало „Аксунгур“ неодамна беше тестирано со опрема за крилно насочување (KGK), развиен од TUBITAK SAGE. КГК претвора ненаведувани бомби MK83 - 454 килограми и MK82 - 260 килограми, во интелигентно оружје со долг дострел воздух-земја.

КГК има опсег од 110 километри благодарение на крилјата.

Сертификацијата на КГК за авионите F4 и F16, завршена со копнени тестови и муницијата, произведена од SAGE, влезе во инвентарот на Турските воздухопловни сили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.