наука и технологија

Сателитскиот навигациски систем на ЕУ претрпе дефект

Европската агенција за глобални сателитски навигациски системи со седиште во Прага соопшти дека „Галилео“, кој е ГПС на ЕУ, е надвор од функција поради технички причини

Ata Ufuk Şeker   | 15.07.2019
Сателитскиот навигациски систем на ЕУ претрпе дефект

БРИСЕЛ (АА) - Настана дефект во сателитскиот навигациски систем на Европската Унија (ЕУ) „Галилео“ („Galileo“) , пренесува Anadolu Agency (AA).

Европската агенција за глобални сателитски навигациски системи со седиште во Прага соопшти дека „Галилео“, кој е ГПС на ЕУ, е надвор од функција поради технички причини.

Се вели дека 24 од вкупно 26 сателити на „Галилео“ веќе од 11 јули се надвор од функција.

Системот „Галилео“ е дизајниран од страна на ЕУ како алтернативен сателитски систем за американскиот ГПС, рускиот ГЛОНАСС (GLONASS) и кинескиот „Беидоу“ („Beidou“).

„Галилео“ кој чинеше околу 10 милијарди евра, за прв пат беше ставен во функција во 2016 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın