наука и технологија

Ретка астрономска појава: Меркур транзитира меѓу Земјата и Сонцето

Од Земјата во едно столетие во просек 13 пати може да се забележи како Меркур минува пред Сонцето. В понеделник Меркур ќе биде на оддалеченост од 101 милион километри од Земјата.

Dilara Zengin   | 07.11.2019
Ретка астрономска појава: Меркур транзитира меѓу Земјата и Сонцето

АНКАРА (АА) - Турската национална агенција ТУБИТАК (Научно-технолошкиот истражувачки совет на Турција), подготви информации и активности во врска со несекојдневната астрономска појава, транзитирањето на Меркур меѓу Сонцето и Земјата на 11 ноември, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за индустрија и технологија на Турција информираше дека в понеделник, на 11 ноември, најмалата планета во Сончевиот Систем ќе помине меѓу Сонцето и Земјата.

Националната опсерваторија на ТУБИТАК во Анталија организира активност за да го приближи овој настан пред јавноста. Активностите започнуваат во кампусот на Универзитетот „Акдениз“ и ќе траат сѐ додека Сонцето, слегувајќи до хоризонтот, целосно не исчезне. Во исто време, експертите од Националната опсерваторија на ТУБИТАК, ќе ги информираат учесниците, а целото набљудување со телескопот од Центарот за наука и општество ќе може во живо да се следи од интернет-адресата „https://www.youtube.com/c/TÜBİTAKUlusalGözlemevi“.

- Следното транзитирање е во 2032 година -

Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави „В понеделник сите очи ќе бидат свртени кон Меркур. Најбрзата планета Меркур ќе помине меѓу Сонцето и Земјата. Љубителите на астромонијата, оваа несекојдневна појава ќе можат одблизу да ја следат од кампусот на Универзитетот „Акдениз“. Следното минување на Меркур е на 13 ноември 2032 година.“

- Меркур ќе биде на оддалеченост од 101 милион километри од Земјата -

Меркур е планетата најблиска до Сонцето, а последен пат слично транзитирање имаше на 9 мај 2016 година. Од Земјата во едно столетие во просек 13 пати може да се забележи како Меркур минува пред Сонцето. В понеделник Меркур ќе биде на оддалеченост од 101 милион километри од Земјата.

Транзитирањето на Меркур во потполност ќе може да се види од Северна и Јужна Америка, од Антарктикот, Западна Африка и Атлантскиот Океан, додека делумно би се видел од Турција.

Оваа астрономска појава нема да може да се види со голо око, иако притоа се користат и специјални наочари за следење на затемнувањето на Сонцето. Треба да се знае дека големината на Меркур, во времето на минување пред Сонцето е со големина на кованица од 1 евро која се гледа од оддалеченост од 500 метри. Затоа, при минувањето на Меркур, нема да дојде до намалување на интензитетот на светлината на Сонцето.

- Внимавајте на здравјето на очите -

За да може да се набљудува овој небески феномен, потребно е да се користи специјално изработен телескоп кој поседува заштитен сончев филтер. Експертите предупредуваат дека ако настанот се следи директно преку оптички алатки како што се двоглед или телескоп, би можело да дојде до сериозни оштетувања на очната ретина.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.