Турција, наука и технологија

Првиот турски погонски мотор за ракета од среден домет TEI-TJ300 го урна светскиот рекорд

Моторот TEI-TJ300 без потреба од стартерски систем, нуди можност за придвижување со ефект на ветер (windmilling), што овозможува негова примена во системите за воздушна, поморска и копнена одбрана

Mustafa Çalkaya   | 16.04.2021
Првиот турски погонски мотор за ракета од среден домет TEI-TJ300 го урна светскиот рекорд

АНКАРА (АА) - Погонскиот мотор што го дизајнираа турските инженери од домашни ресурси, првиот мотор за погон на ракети од среден домет TEI-TJ300, со дијаметар од 240 милиметри и потисок од 1.342 њутни постави нов светски рекорд во својата класа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за индустрија и технологија на Турција соопшти дека турбомлазен мотор со дијаметар од 240 милиметри, кој е изграден во рамките на Советот за научно-технолошки истражувања на Турција (TUBITAK) постигнал потисок од 1.342 њутни.

Мустафа Варанк, министерот за индустрија и технологија на Турција, на социјалните мрежи го објави видеото од тестирањето.

Додека Турција од една страна води борба против јавни и тајни ембарга, од друга страна развива домашни и национални решенија, користејќи домашни ресурси. Пример за такви решенија е и првиот мотор за погон на ракети од среден домет TEI-TJ300.

Резултатите од проектот, што ТУБИТАК го започна во 2017 година во соработка со компанијата TУСАС и РОКЕТСАН се над очекувањата. Додека во класата на мотори со дијаметар од 230-250 милиметри, најдобриот мотор со дијаметар од 250 милиметри произведува потисок од 1.250 њутни, моторот TEI-TJ300 со дијаметар од 240 милиметри произведува потисок од 1.342 њутни, со што постави нов светски рекорд.

Првото успешно тестирање на првиот домашен мотор за ракета од среден домет успешно е извршено во 2020 година.

Моторот TEI-TJ300 без потреба од стартерски систем, нуди можност за придвижување со ефект на ветер (windmilling), што овозможува негова примена во системите за воздушна, поморска и копнена одбрана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.