наука и технологија

Пеперутката „стара“ 12.000 години повторно снимена на планината Арарат во Турција

Пеперутката претежно живее во скандинавските земји, додека во Турција се наоѓа само на повисоките делови на планината Арарат, а се знае дека пеперутката датира од последното ледено време

Aybüke İnal   | 22.09.2019
Пеперутката „стара“ 12.000 години повторно снимена на планината Арарат во Турција

АНКАРА (АА) - АЈБУКЕ ИНАЛ -

Пеперутката од видот Euphydryas iduna, северната пеперутка од семејството нимфалиди, за кој се вели дека датира од последното Ледено време, беше повторно снимена во Турција, откако за прв пат во оваа земја беше снимена во 1970 година на надморска височина од 4.000 метри на планината Арарат, пишува Anadolu Agency (AA).

Овој вид пеперутка на своите крилца има широки линии и бели дамки, а се наоѓа во категоријата на опасност од изумирање.

Пеперутката за која станува збор претежно живее во скандинавските земји, додека во Турција се наоѓа само на повисоките предели на планината Арарат, а се знае дека овие пеперутки датираат уште од последното ледено време.

Euphydryas iduna за прв пат во Турција беше снимена од истражувачите на 4 август 1970 година, на надморска височина од 4.000 метри на планината Арарат, а од тој ден не беше откриена некоја информација за овој вид пеперутка. Таа по 50 години беше повторно снимена од страна на Сулејман Екшиоглу, истражувач на пеперутки, и Емин Јогуртџуоглу, експерт за дивиот свет.

Екшиоглу и Јогуртџуоглу во изјава за АА говореа за пронаоѓањето на оваа пеперутка, и нивното тридневно патешествие.

Екшиоглу истакна дека заедно со Јогуртџуоглу по тридневно патување се искачиле на надморска височина од 3.800 метри на планината Арарат, каде што рече дека ја пронашле оваа пеперутка и ја фотографирале.

Тој рече дека се среќни за пронаоѓањето на пеперутката. „Во првиот момент не верувавме на тоа што го гледаме. Потоа ги видовме и другите членови на овој вид (пеперутка). Ги фотографиравме“, додаде тој.

Екшиоглу објасни дека пеперутката датира од пред 12.000 години, од последното ледено време, и дека оттогаш останала во повисоките предели на планината Арарат.

„Нормално, ова место не е живеалиште на пеперутката, но во последното ледено време доаѓа во нашите краишта и останува тука. Нема друго место каде што може да оди. (Пеперутката) Е вид кој е „заробен“ на планината Арарат“, додаде Екшиоглу.

Од друга страна, Емин Јогуртџуоглу рече дека на ова патување тргнал по покана на Екшиоглу, и дека бил многу возбуден.

„(Оваа пеперутка) Ви дава чувство дека се сретнувате со живо суштество од праисторијата. Зборуваме за вид кој останал од пред 12.000 години во нашата земја. За ова живо суштество има само една евиденција, и не се знаат други информации за тоа. Беше голема возбуда да се биде дел од повторното негово откривање“, нагласи тој, информирајќи за пеперутката од типот „Euphydryas iduna“.

Јогуртџуоглу истакна дека телото на пеперутката имало шарки од црвена, кафеава, црна и бела боја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın