наука и технологија

Палестински инженер зад летот на мини-хеликоптерот на Марс

Лоај Елбасјуни, роден и израснат во градот Бејт Ханун во Газа, кој сега живее во Лос Анџелес, Калифорнија, за Агенција Анадолија (АА) говореше за својата успешна приказна

Islam Doğru   | 02.05.2021
Палестински инженер зад летот на мини-хеликоптерот на Марс

ЊУЈОРК (АА) - Палестински инженер, кој беше во тимот што го дизајнираше мини-хеликоптерот на НАСА на Марс „Инџенуити“, е горд што е дел од еден историски настан.

Лоај Елбасјуни, роден и израснат во градот Бејт Ханун во Газа, кој сега живее во Лос Анџелес, Калифорнија, за Агенција Анадолија (АА) говореше за својата успешна приказна.

Елбасјуни рече дека дошол на американскиот универзитет во Луисвил во 1998 година, а по предавањата во текот на студиите работел како доставувач на пица за да си го заработи лебот. Своето високо образование го завршил во областа на електротехниката.

По дипломирањето, инженерот од Газа, кој вршење истражувања за алтернативни извори на енергија, електрични возила и авиони, беше назначен во тимот што го направи хеликоптерот за НАСА испратен на Марс, во последната приватна компанија во која има работено.

- Само една идеја -

Елбасјуни рече дека бил избран во тимот на НАСА додека специјализирал и работел на супер лесни, електронски погони, електрични авиони и беспилотни летала.

„Тоа беше само една идеја дали навистина може да се лета на Марс?“ рече тој, додавајќи дека потоа произвеле минијатурно летало што било како играчка.

„Тие го зедоа тој хеликоптер и го тестираа во комората во Лабораторијата за реактивен погон на НАСА каде што не се покажа толку добро“, рече Елбасјуни. Истакна дека со тие тестирања научиле каква математика и пресметки треба да изнајдат за да развијат модел што всушност ќе лета.

Потсетувајќи дека тој за време на работата не бил сигурен дали авион што може да лета на Марс е воопшто можно да се создаде: „Беше многу сложено, требаше да дизајнираме мотор кој работи на многу ниски температури“.

Проектот започна во 2014 година со различни тимови во различни области, рече Елбасјуни, додавајќи дека тој работел заедно со други инженери на НАСА како главен инженер во дизајнерскиот и тимот за конструкција на „Инџенуити“ повеќе од четири години.

- „Очите буквално ми беа полни со солзи“ -

Потсетувајќи се на својата радост кога дознал дека е дел од тимот, инженерот рече: „Тоа беше навистина возбудливо. Знаев дека ќе биде нешто на Марс“, се присети тој.

„Дента когa [„Инџенуити“] безбедно слета на Марс, си реков во ред, успеав. Ја постигнав целта да имам парче хардвер на Марс“.

Денот кога „Инџенуити“ за првпат леташе беше многу радосен ден, се присети тој: „Викав среде ноќ будејќи половина од зградата ... Очите буквално ми беа полни со солзи [додека го гледав стримот во живо]“

Елбасјуни рече дека презеле многу ризици и дека се чувствувал како еден од браќата Рајт, кои успешно летаа со првиот авион со мотор во САД на почетокот на 1900-тите години.

„Помислив, дел сум од историјата“, рече тој, додавајќи дека „Инџенуити“ успешно летал четири пати.

При вториот лет, беше во можност да сними поголем опсег и ги надмина очекувањата, истакна Елбасјуни.

„Навистина бев возбуден за последниот и петтиот лет“, рече Елбасјуни, додавајќи дека ќе продолжи со инженерските студии на полето на електричните возила и авијацијата.

Истакнувајќи дека неговиот фокус на интерес се новите откритија во областа на употребата на електрична енергија и дека сака да основа своја компанија во иднина.

- 12 години далеку од родителите -

Елбасјуни рече дека неговиот татко е еден од најдобрите палестински хирурзи во окупираната од Израел Газа, и дека луѓето што живеат во Палестина се стремат кон успех.

Од мала возраст, Елбасјуни не ги гледал околностите како пречка пред неговиот успех: „Отсекогаш знаев дека ќе успеам. Искрено, сè уште не сум ги постигнал своите цели.“

Поради израелската окупација, тој не можел да ги види своите родители 12 години, а неговиот брат 14 години, по што неговите родители се преселиле во Германија.

„Ништо не ме спречува законски [да одам во Газа], но постои ризик“, рече тој.

„Во инженерството ние можеме да предвидиме сè, да искалкулираме сè и да следиме временска рамка за проект. Ако го сторам истото со ситуацијата во Газа, ако кажам, сакам да ја посетам Газа, која е временската рамка за тоа? Не можам да одговорам на тоа прашање“, рече тој, додавајќи дека затворањето и отворањето на границите таму може да се случи во кое било време.

„Морам да бидам подготвен да ја жртвувам својата кариера, својата работа и да се ставам себеси во ризик“. Истакна дека откако неговите родители биле блокирани во Газа девет месеци рокот на нивните визи им поминал.

„Тие одеа секој ден на преминот „Рафа“. Не е лесно“. Елбасјуни ги повика жителите на Газа да не губат надеж и покрај предизвиците, наведувајќи дека работел на мисија што ја нарекол „невозможна“. „Мислам дека треба да сонуваат и да веруваат во својата надеж“.

- „Персеверанс“ и „Инџенуити“ -

Хеликоптерот на НАСА „Инџенуити“ останува прикачен за роверот „Персеверанс“, кој слета на црвената планета на 18 февруари, и во моментов е во транзит кон одредено место каде што ќе се обиде да лета.

На 19 април, „Инџенуити“ го изврши својот прв лет што траеше околу една минута и стана „првото летало што има летано на друга планета“.

„Инџенуити“, кој изведе четири лета, остана во воздухот околу две минути на височина од пет до шест метри над роверот „Персеверанс“ при секој лет, и ги испрати на светот фотографиите направени со камера во боја.

Бидејќи густината на атмосферата на Марс е околу 1 отсто од онаа на Земјата, инженерите на НАСА користеа ултралесни материјали за да може „Инџенуити“ да се подигне од тлото и четири пропелери, секој со должина од 123 сантиметри кои вртеа побрзо од брзината потребна за тоа на Земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın