наука и технологија

Научниците ја снимија првата фотографија на црна дупка во вселената

- Како резултат на меѓународната соработка денес беше претставена првата фотографија на црна дупка во вселената

Can Erözden   | 10.04.2019
Научниците ја снимија првата фотографија на црна дупка во вселената

АНКАРА 

Како резултат на меѓународната соработка денес беше претставена првата фотографија на црна дупка во вселената, пренесува Anadolu Agency (AA).

Откако ја снимија првата фотографија на црна дупка, телескопот „Event Horizon“ ја пренесе фотографијата на овој космички објект за време на прес-конференцијата во живо на „Јутуб“ (YouTube).

„Научниците ја добија првата слика на црна дупка, користејќи ги набљудувањата на телескопот „Event Horizon“ на центарот на галаксијата М87. Сликата покажува светол прстен формиран како резултат на наклонот на светлината при интензивната гравитација околу една црна дупка, која е 6,5 милијарди пати поголема од Сонцето“, истакнаа научниците.

„Од Брисел: Конечно! Нема повеќе симулации. За првпат гледате во вистинска црна дупка“, напишаа на Твитер.

Претходно, НАСА објави на Твитер: „Направен е историски успех! Глобалната мрежа на телескопи работи на регистрирање на првата слика од црна дупка.“

Прес-конференцијата беше пренесувана во живо во Брисел, чилеанскиот главен град Сантијаго, тајванскиот Тајпеј, Токио и Вашингтон.

Во полето на астрофизиката, црната дупка се смета за огромен космички објект во вселената, кој може да ги вшмукува ѕвездите, планетите, гасот или каков било вид електромагнетно зрачење што се приближува.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın