наука и технологија

Научниците открија дека еден вид на црви може да јаде пластика

Одделот за молекуларни биолошки науки при Универзитетот во Квинсленд откриле дека видот на црви „Zofobas morio“ може да консумира полистирен благодарение на ензимот во цревата

Şeyma Uzundere  | 10.06.2022 - Обновена : 14.06.2022
Научниците открија дека еден вид на црви може да јаде пластика

АНКАРА (АА) - Австралиските научници открија дека еден од видовите на црви може да го свари полистиренот, кој е широко се користи во индустријата за пластика, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на веб-страницата „Сајенс дејли“, истражувачите од Одделот за молекуларни биолошки науки при Универзитетот во Квинсленд откриле дека видот на црви „Zofobas morio“ може да консумира полистирен благодарение на ензимот во цревата.

Истражувачот, д-р. Крис Ринке и неговиот тим три недели ги хранеле црвите со различни видови производи.

Забележано е дека црвите хранети со полистирен што се користи во пластичната индустрија преживеале и се здебелиле во тој период.

По метагеномската анализа, откриено е дека црвите можат да ја сварат пластиката благодарение на ензимот што го лачат бактериите во нивните црева.

Истакнувајќи дека ќе ја продолжат својата работа во однос на ензимот, научниците веруваат дека црвите можат да играат клучна улога во рециклирањето на пластичниот отпад.

Истражувањето е објавено во списанието „Microbial Genomics“.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.