наука и технологија

НАСА: Два астероида минаа покрај Земјата

Првиот астероид, со големина на автобус, од Земјата бил оддалечен од околу 94.000 километри, а вториот околу 106.000 километри

Emre Aytekin   | 16.09.2020
НАСА: Два астероида минаа покрај Земјата

АНКАРА (АА) - Научниците потврдија дека два астероиди, едниот со големина на автобус, а другиот колку еден автомобил, минале покрај Земјата, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Во соопштението на Центарот за истражување на небесните тела кои минуваат покрај Земјата при Лабораторијата за млазен погон на НАСА се наведува дека двата астероиди, именувани како „2020 RF3“ и „2020 RD4“, вчера поминале покрај Земјата со временска разлика од два часа.

Првиот, со големина на автобус, од Земјата бил оддалечен од околу 94.000 километри, а вториот околу 106.000 километри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın