наука и технологија

Кина лансира четири сателити во вселената

Ракетите „Пекинг-3“ и „Јангванг-1“ се развиени од страна на две комерцијални компании, додека сателитот „Хајси-2“ е развиен од страна на Универзитетот во Шиамин.

Fuat Kabakcı   | 11.06.2021
Кина лансира четири сателити во вселената

АНКАРА (АА) - Кина лансира четири сателити во вселената, меѓу кои и сателити за набљудување на животната средина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на кинеските медиуми, сателитите за откривање од далечина и набљудување на животната средина „Пекинг-3“, „Хајси-2“ и „Јангванг-1“, како и експерименталниот сателит „Тиенсиен“ се лансирани со ракетата „Лонг марч -2Д“ од Центарот за лансирање на сателити во Тајуен.

Се истакнува дека ракетите „Пекинг-3“ и „Јангванг-1“ се развиени од страна на две комерцијални компании, додека сателитот „Хајси-2“ е развиен од страна на Универзитетот во Шиамин.

Според соопштеното, овие сателити ќе бидат користени за истражување на природни ресурси, набљудување на животната средина, урбанистичко планирање и управување, борба против природни катастрофи, како и следење на екологијата на крајбрежните зони.

Ова лансирање е 373. мисија реализирана со ракетите „Лонг марч“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın